Уште една трагична вест го потресе спортот.
Поранешниот репрезентативец на Турција, Ерсен Мартин почина на 45-годишна возраст.
Неодамна Мартин беше на операција на напукната аорта. Турските медиуми пишуваат дека минатата година доживеал и срцев удар, и од тогаш се наоѓа во болница.
Во својата кариера Мартин играше за неколку турски клубови, меѓу кои и за гигантот Бешикташ, а беше дел и од Гезтепе, Денизлиспор, Анкараспор, Трабзонспор, Сиваспор, Манисаспор, Касимпаша, Генчерлебирлиги.
Играше и во Нирнберг и Рекреативо. За турскиот национален тим одигра три натпревари во периодот од 2004 до 2006 година.