СИЛЕН земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер ја погоди денеска Јапонија, јавија јапонските медиуми.

Земјотресот бил околу 9:00 часот по локално време, во близина на главниот град Токио.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот е во јужната префектура Ибараки, на длабочина од 50 километри.

Засега се наведува дека не е издадено предупредување за цунами.

Како што е познато Јапонија се наоѓа во Огнениот прстен на Пацификот, каде сеизмичката активност е доста висока.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде