Вчера (20 март) во 17 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, на влезот во гостиварското село Дуф,
се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возилo „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.О. од Дуф и мотоцикл „сим 250“ со гостиварски ознаки што го управувал О.Ч.(26) од Република Албанија.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, информира полицијата.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.