ТАЖНА ВЕСТ: Почина д-р Моника Лукровска

Почина д-р Моника Лукровска, специјализант, објавија од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“.

„Доктор Мони. Остави траги и многу спомени зад себе. Денес сите не’ смрзна, сите не’ замолчи во еден миг.

Во еден миг застана се’ и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас, а без глас. Добриот човек секогаш ќе се памти.

Ти беше херој, професионалец, пријател и колега со срце и милост. Секогаш зрачеше со позитивна енергија без разлика на секојдневието.

Денес не’ обои во црно. Ќе недостасуваш многу. Почивај во мир“, напишаа од Специјализирана Болница Геријатрија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде