Терористички напад се случи денеска во концертна сала во близина на Москва, Русија, оставајќи зад себе трагичен биланс на смртно настрадани и повредени луѓе.
Неофицијално, руските безбедносни служби интензивно трагаат по петмина мажи од Ингушетија, кои се сомничат дека го извршиле терористичкиот напад во кој убиени се 40 лица, а повредени се над 100 лица, објави Реформер.
Осомничените веќе се предмет на интензивна потрага, пишуваат руските медиуми, а надлежните служби се трудат да ги пронајдат и да ги доведат пред лицето на правдата.
Инаку, Ингушетија е автономна република во составот на Руската Федерација.
Во продолжение, погледнете ја објавата на социјалната мрежа X на профилот Вишеград:
Incoming reports of Russian security services looking for a number of men from Ingushetia suspected of today’s deadly terror attack in Moscow pic.twitter.com/mRFoFAMOQl
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 22, 2024