Славчо Попоски: НАЈАВЕНИОТ ЗИМСКИ УДАР ВО РЕГИОНОТ ПРИСТИГНУВА – еве кога

Meтео анализа на Славчо Попоски:

Очекуваната промена на времето која се очекува кај нас, најпрвин значително ќе се почувствува  и во земјите од регионот.

Покрај дождот кој се очекува од недела во целиот регион, поради продорот на студен воздушен бран од север кон Балканскиот Полустров, на планините во регионот се очекуваат и обилни врнежи од снег (понекаде снежната покривка, особено на повисоките планини во Словенија, Хрватска и во Босна  и Хрцеговина би можела да достигне висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде  и повеќе. Ова важи за денот недела.

Снежната граница поради присуството на ладен воздух, снежната граница би можела да се спушти понекаде  и во населените пониски места во недела.

Секако снег се очекува и на високите планини во југозападна Србија, Црна Гора, Косово и северна Албанија, како и на планините во западна и северозападна Македонија. На следната карта можете да ја погледнете очекуваната снежна покривка на Балканот за недела и за период од 24 часа:

Температурите на кратко ќе се спуштат и под нулата во делови од Балканот, со што повторно е можна појава на краткотраен и слаб мраз. На планините појавата на мраз секако ќе биде поизразена, особено на оние високите.

НАПОМЕНА: Во Македонија појава на мраз не се очекува, со исклучок само на највисоките планински места, што е  и сосема очекувано во овој период од годината.

Извор: Метео аларм/Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде