Моника Лукровска е 40-годишната скопјанка, докторка специјализантка, што загина во тешката сообраќајна несреќа.
Нејзините блиски и пријатели во шок, сите за неа велат дека беше една од најдобрите личности што ги познавале
Голем шок за целокупната македонска јавност, но најмногу за сите оние што ја познаваа младата докторка од Геријатрија која што пред два дена загина во страшната сообраќајна несреќа во близина на Скопје.
Таа е мајка на две малолетни деца, но и врвен професионалец која меѓу своите колеги беше позната по својата благородност и ведар дух.
Таа беше докторка специјализант и важеше за исклучителен лекар, секогаш насочена кон освојување на нови предизвици.
Моника зад себе остави две малолетни деца, а нејзините колеги и сите оние што ја познаваа се збогуваат од неа преку социјалните мрежи.
На нејзиниот профил на Фејсбук се уште стојат нејзините последни објави, кои сведочат за тоа каков човек беше таа.
На едната од нив е споделена една фотографија од Скопје на која се гледа загаденоста на воздухот во градот, што укажува на тоа дека на Моника не и беше сеедно што местото во кое што живее е едно од најзагадените во светот, додека другата е објава од еден нејзин колега која исто така никого нема да остави рамнодушен.
Живот не трпи тендери! За ваква ситуација државата, фондот и другите фактори треба да реагираат веднаш. За жал некои напи фамилии кои имаа деца со атипичен ХУС мораа да се иселат, за да можат да го добијат лекот во странство. Ве молам споделете ја објавата, Живот не трпи тендери“, пишува во една од последните објави што ја има споделено оваа докторка, а која ја има објавено еден нејзин колега и која кажува на тоа каква жена беше таа.