По 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, најави Ковачевски

Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.

Ова го најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

Имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата изборна програма. Во изминатите седум години покажавме и докажавме дека СДСМ ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите.

Уште поодлучни и попосветени, најавуваме кои ќе бидат главните столбови на нашата работа во наредните четири години. – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

—Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари. – рече Ковачевски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде