Тажна вест: Почина легендарниот фотограф кој ги овековечи последиците од скопскиот земјотрес

Легендарниот српски фотограф Томислав Петернек, кој ги овековечи последиците на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, почина на 91 година. Неговите фотографии беа објавувани во најзначајните светски весници.

Роден во хрватскиот град Винковци во 1933, Петернек почнал да се занимава со фотографија во 1954, работел во „Борба“, „Младост“, „Југословенска ревија“ и „Економска политика“, а од 1970 до пензионирањето во 1993 беше уредник на фотографија во неделникот „НИН“. Соработувал и со разни светски медиуми.

Со својот фотоапарат ги забележал најважните домашни и меѓународни настани, вклучувајќи го и периодот на распадот на Југославија.

Посебно значаен момент во неговиот богат опус е фотографирањето на Скопје по земјотресот во 1963. Половина век подоцна, тој ги претстави овие фотографии на изложба во МАНУ.

Петернек се бавел и со модна, применета, рекламна и подводна фотографија, снимајќи во Црвено Море, Карипско Море и Индиски Океан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде