УХМР со вонредни најави за времето, доаѓа и снег – ова се деталите

Денес ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање.

Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со ретки грмежи и засилен ветер се очекува во среда попладне и во четврток.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде