Денес ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).
Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање.
Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со ретки грмежи и засилен ветер се очекува во среда попладне и во четврток.