Фејсбук пост на Д-р Ненад Лазаров:
Ова ќе си дозволам еднаш да го напишам, зошто ми тежи.
Со цела должна почит, НО, државава дозволува неконтролирано ЛЕШИНАРЕЊЕ на странски болници со медицински туризам овде во земјава!
Јас сум шокиран, за да се увериме дека е така, побаравме и добивме три различни профактури со разлики од по 30% од една иста странска болница за еден ист пациент, само различни неповрзани баратели.
Ви тврдам и ветувам дека ќе им направиме дампинг на цените, само дозволете ни да ве заштитиме од разноразни “агенти”,
на пример утрово за еден наш штитеник добивме 15.000 евра попуст со само неколку телефони свртени!
ECrowd.mk е тука да ве заштити и помогне, ние не сме само обична платформа за прибирање донции
РОДИТЕЛИ НА ДЕЧИЊА СО СЕКАКВА ПАТОЛОГИЈА, НЕ СТЕ ПОВЕЌЕ САМИ, ПРЕД ДА ПРЕВЗЕМЕТЕ БИЛО КАКВИ ТРЕТМАНИ, КОНСУЛТИРАЈТЕ НЕ БЕСПЛАТНО!