Фото: Утрово делови од Македонија под снег

Утрово делови од Македонија под снег. Снег има на повисоките планински места, а патиштата се чисти и проодни.

„Моментална состојба на планинскиот превој “Стража” – Патот потполно чист по снежните врнежи изминатата ноќ.

Ладниот Атмосферски фронт беше брз, а екипите на ЈП “Македонија пат” постојано се на терен!”, напиша Попоски на Фејсбук.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне. На повисоките планини ќе има појава на снег.

Ќе дува засилен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно влажни коловози.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде