Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ О.К. Прилеп преку социјалните мрежи објави дека почина младиот Давид Коруноски од Прилеп.
„Почивај во мир Давид Коруноски.
Ќе останеш секогаш во нашите мисли, нека ти биде светол патот кон царството небесно. “, напишаа од УМС Прилеп.
„Ненадоместлива загуба за фамилијата … огромна трагедија ,згасна уште еден млад живот ….светол да ти е патот таму некаде позади виноитото“
„Многу тажно, Бог да го прости, искрено сочувство до семејството.“, се дел од коментарите со кои пријателите се простија од младиот Давид.
Причината за неговата смрт не е позната. Сочувство до семејството, нека почива во мир…