Еден од најгласните доктори во Македонија, Ненад Лазаров со два свои статуси на фејсбук одново ја бранува јавноста.
-Ова ќе си дозволам еднаш да го напишам, зошто ми тежи.Со цела должна почит, НО, државава дозволува неконтролирано ЛЕШИНАРЕЊЕ на странски болници со медицински туризам овде во земјава!
Јас сум шокиран, за да се увериме дека е така, побаравме и добивме три различни профактури со разлики од по 30% од една иста странска болница за еден ист пациент, само различни неповрзани баратели.
Ви тврдам и ветувам дека ќе им направиме дампинг на цените, само дозволете ни да ве заштитиме од разноразни “агенти”, на пример утрово за еден наш штитеник добивме 15.000 евра попуст со само неколку телефони свртени!ECrowd.mk е тука да ве заштити и помогне, ние не сме само обична платформа за прибирање донции
РОДИТЕЛИ НА ДЕЧИЊА СО СЕКАКВА ПАТОЛОГИЈА, НЕ СТЕ ПОВЕЌЕ САМИ, ПРЕД ДА ПРЕВЗЕМЕТЕ БИЛО КАКВИ ТРЕТМАНИ, КОНСУЛТИРАЈТЕ НЕ БЕСПЛАТНО!
Потоа следеше уште еден статус на темата и се надоврза:
-Крвта им ја имаат допиено на најранливи категории болни деца и алтернативни третмани. Куќи продаваат луѓето и се што имаат бидејќи надеж се има до последно, и на таа надеж некој БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ се става 20-30% обавезно и стандардно, на фактури од десетици илјади евра!
Со сите измислени допишуванки, алтернативни третмани се продаваат ко чудесен лек, а кај што може да се одере на пронцип “ако проџе проџе” ДВОСТРУКО ПОСКАПО Е НАПЛАТЕНО без око да им трепне.
Државата не поседува никаков механизам за контрола, јас би ги апсел со камери! Јас сум згрозен каков бизнис одвратен и како пак од друга страна се злоупотебувани донации од секакви собирачи.