ВОНРЕДНО: Полицијата врши претреси во врска со убиството на лекарот, има приведени

Во овие моменти се врши претрес на една локација, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски гостувајќи во поткастот „Претрес“.

Тој додаде дека две лица се приведени за убиството на лекарот кое се случи пред неколку дена во скопската населба железара.

„Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени, две лица се приведени .

Cе надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија“, изјави Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.

Тошковски додаде дека според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата.

Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде