Пензионерите со нетрпение очекуваат: Еве колкаво зголемување ќе добијат на пензиите

Пензионерите во земјава со нетрпение го очекуваат најавеното мартовско зголемување.

Се очекува дека од следниот месец најниските пензии ќе се зголемат за околу 600 до 800 денари.

Во оваа најниска група спаѓаат околу 40 отсто од пензионерите, или тука се околу 140 илјади пензионери. Нивните примања се од 12.500 до 16.000 денари, а нивното усогласување е околу 5,3 отсто.

Додека, пак, од вкупно 337 илјади пензионери, 93 илјади земаат пензија од 20 до 32 илјади денари, и сега нивните месечни прилив ќе бидат поголеми за околу 1.250 денари.

А, подобро ќе биде за оние чии пензии се од 30 до 50 илјади денари, кои ќе добијат плус 2.000 денари.

Оние кои се малку и чија месечна пензија е над 54 илјади денари, ќе можат да се пофалат со зголемување од нешто помалку од 3.000 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде