Шокантни инфорамции: Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици?

Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење откако девојчето исчезнало.

Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски Блиц.

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски Информер.

– На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ, многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци – рекол изворот.

Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ, мајката три пати го фотографирала детето од различни агли.

Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде е на распит за околностите на нејзината исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде