ВОНРЕДНА ВЕСТ: Полицијата го тресе македонскиот фудбал, под истрага 7 клубови за местење на натпревари

Пет клубови од првата македонска фудбалска лига и два второлигаши се под истрага за местење на натпревари.

Полицијата денеска влезе во Фудбалската федерација каде се проверува документацијата и се прибираат
информации за клубови, натпревари и официјални лица со сомневање за местење на натпревари.

Од МВР потврдуваат дека постапуваат по насоки на јавен обвинител.

Се огласија и од ФФМ од каде истакнуваат дека целосно соработуваат со органите.

-Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн. Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел, се вели во соопштението на ФФМ.

Постапката е иницирана по добиени информации и препораки од „Спортрадар“, тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде