Потрагата по двегодишната Данка Илиќ од Бор влезе во шести ден, а од исчезнатото девојче се уште нема траги!
Полицијата и спасувачките екипи го пребаруваат секој сантиметар од теренот во радиус од 10 квадратни километри околу местото каде мајката на Данка, Ивана Илиќ тврди дека исчезнало детето, а според соговорникот на Курир, следниот чекор на истражните органи е проверка на граничните премини!
Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција и член на одборот на директори на меѓународната полиција за борба против наркоманијата, за Курир вели дека поминало долго време откако исчезнала двегодишната Данка Илиќ.
Не можеше сама да замине, тоа е факт. Најблискиот граничен премин е на само 30 минути од Бањско поле и затоа сите што ја поминале границата од моментот на исчезнувањето на детето треба да бидат темелно проверени, во двата правци.
Три спорни прашања
x Зошто мајката дошла на имотот ако знаела дека нејзиното семејство не го одобрувало преселувањето таму?
x Дали фотографијата на малата Данка Илиќ е направена токму на денот кога детето исчезнало?
x Дали пораките и повиците од телефонот на мајката се намерно избришани, бидејќи некако се поврзани со случајот или мајката редовно и рутински ги бришела пораките и повиците?