Во страотна сообраќајна несреќа во петокот загинаа три лица, а четири беа повредени.
На 29.03.2024 во 04:50 часот во ОВР Кичево е пријавено дека, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „пежо“, објавија од МВР.
„Кели и Бани, две момчиња кои денес го растажија цело Кичево, одат на другиот свет затоа што Бог ги сакаше уште од мали години!
Болката ја доживувам како мајка и упатувам сочувство до родителите на семејството, пријателите и придружниците со молитви за небото и трпението!“, стои во објавата на Фејсбук на Gjyla Çeliku.