„Тешка е умирачката брат“ – последното нешто кое им го кажал на своите другари: Почина Марко Здравевски

Професорката Татијана Алексиќ во петокот информираше дека починал Марко Здравевски, поранешен ученик на скопската гимназија „Корчагин“, кој по лекување во Париз ја загуби битката со опасниот канцер.

Во својата објава Алексиќ пренесува обраќање на Марко кон своите соученици кои организираа хуманитарен концерт за него и цитира негови зборови кои покажуваат колку бил тој силен иако се соочувал со својата смрт.

,,Утре (сабота) во 12:30ч на Гробиштата Петровец ќе го испратиме Марко. Ќе одлета во вечноста кај Кирил, Тамара и сите наши прерано заминати чеда…

Неговата храброст да се соочи со смртоносната болест сите ќе ја паметиме. Тоа кротко момче со полунасмеано лице, ретко креваше рака на час, но знаеше да одговори кога ќе го прашаш. Знаеше и сега дека е во стапица. Знаевме сите, но сакавме последните дваесетина месеци да ја почуствува љубовта, не само на родителите, роднини и пријатели, туку и од учениците на СУГС Раде Јовчевски – Корчагин.

Неговите некогашни соученици останаа крај него во Париз, до последен здив… Ками, Бојан, Ангела, Борјан, Стефан и Гоце, му беа морална и физичка поддршка, му даваа храброст и покажаа зрелост.

Му покажавте што е љубов. ,,Чекајќи го…” два пати ја игравме за него. Свесни дека е аматерска претстава, свесни дека е без уметничка вредност, напишана и осмислена од една обична учителка, свесни дека и собраните пари се чиста симболика, (доволни за една и половина хемо терапија), но исто толку свесни, дека во име на хуманост и човечка умешност испраќаме етичка порака не само до него, туку до сите генерации. Тоа се дела со уметничка вредност. Љубовта треба да се покажува и докажува, затоа што е невидлива. Не можеш да ја видиш, исто како ни Господ. Ако некој не ти каже, покаже и докаже љубов преку дела, нема да знаеш колку си сакан.

Сакавме Марко да знае, да види дека е сакан од нас. Затоа игравме за него. За наш Кирил, момчето кое што не сакаше да живее, задоцнивме.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: newz24live.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде