На 77- годишна возраст почина Мустафа Јашар, актер на Турскиот театар од Скопје.
Тој целиот работен век во помина во Турскиот театар, каде одигна многубројни улоги.
За ликот на Креонт од претставата „ Антигона“, Јашар беше награден за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивалот на античка драма „ Стоби“ во 2003 година.
Ја освои наградата за епизодна улога „ Димче Трајковски“, на МТФ „ Војдан Чернодрински“ во Прилеп , 2005 година. Истиот фестивал му додели награда за животно дело, 2014 година. А, беше и лауреат на наградата Јуџел во 2020 година.
Кариерата на Мустафа Јашар паралелно течеше на филм и на телевизија, каде од втората половина на 70- тите години на минатиот век до минатата година одигра педесетина улоги во тв серии, играни и тв филмови. Меѓу нив се : „ Итар Пејо“, „ Време води“, „ Црвениот коњ“, „Јужна патека“, „ Среќна нова 49“, „ Балканот не е мртов“, „ Трето полувреме “ и др.
Мустафа Јашар ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.