Блазе си им: Oвие граѓани добиваат плус 3.800 денари на своите сметки!

Пензионерите го добија најавеното покачување – најниските пензии се зголемија за 10 евра, највисоките за 65 евра.

Почна исплатата на мартовските пензии, кои се повиски за 5,3%. Најголемиот дел, 40% од пензионерите кои месечно добиваа од 12,5 до 16 илјади денари добија од 660 до 850 денари плус на сметките. Оние пак, во највисоката група, кои земаа над 54 илјади денари пензија, добија покачување од речиси 3,000 денари.

Во државата, од вкупно 337 илјади има и 19 пензионери, чии примања наминуваат 76 илјади денари . Нивните пензии ќе се зголемат за 4,000 денари. Со ваквото покачување, најголем дел од пензионерите не се задоволни. Пензијата не им стига ни за храна, ни за лекови.

За да се надмине јазот меѓу највисоките и најниските пензии, пензионерите бараат да се врати линеарното зголемување, односно сите пензии да се зголемат за иста сума.

Техничкиот министер за труд од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вети дека ако дојдат на власт, ќе работат на враќање на старото законско решение, односно линеарно покачување. Неопходна е промена на моделот, сметаат и од СПМ, затоа што сегашниот се покажа како несупешен. Ги обезвредни парите на граѓаните, кои со години го полнеле пензискиот фонд, велат од оваа партија..

Оние со најниски пензии добија од 600 до 800 денари плус на своите сметки, околу 40 % од пензионерите живеат со примања од 12.500 до 16 илјади денари.

Нешто над 1 000 денари повисока пензија земаа оние со примања од 20 до 32 илјади денари. По 2,000 плус на сметка добија оние чии пензиии се движат од 30 до 50 илјади денари.

Најголемо е покачувањето кај оние кои имаат пензија повисока од 54 илјади денари, зависно од висината на пензијата ќе земаат од 3 000 до 3,800 денари плус. Пензионерите незадоволни, бараат линеарно покачување.

Усогласувањето на пензиите се прави 2 пати годишно. Еднаш во март и еднаш во септември. Лани во март пензиите се зголемија за 8,4 проценти, додека во септември за 5,3%. Оваа година, покрај мартовско, на есен ќе следи уште едно усогласување. А токму растот на пезниите и подобар живот стандард и за пензионерите се дел од предизобрните ветувања и на најголемите политички партии во земјава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде