Голем исчекор во истрагата за Данка: Снимките од преминот во Романија и од трамваите во Виена сугерираат едно нешто

Најмалку два автомобили во кои има жени кои личат на двете Романки од видеото од Виена преминале на граничниот премин Кладово-Турни-Северин со Романија, забележала српската полиција прегледувајќи снимки од камерите на преминот, пишува српски Информер.

Дали во едно од тие возила беше скриено мало девојче, кое наводно е малата Данка?, прашува Информер.

Претходно беше откриено дека мајката на девојчето го гуглала овој премин по исчезнувањето на Данка, како и дека родителите ја однеле Данка на специјалистички преглед пред исчезнувањето.

Истворемено, Полицијата во Виена разгледува снимки од трамваите 71 и 1 во градот кои сообраќаат на станицата каде беше снимено видеото од српски државјани на кое наводно е прикажана исчезната Данка со двете Романки.

Виенската полиција користи специјален софтвер кој ги споредува контурите на лицата на девојката од видеото и исчезната Данка Илиќ со снимки од патници, пишуваат српските медиуми.

Но, исто така полицијата ги споредува начинот на одење, должината на карлицата, рацете и нозете и други детали. Овие антрополошки маркери се совпаѓаат во огромен процент, но сè треба да се земе со резерва поради квалитетот на снимката, бидејќи таа е снимена во темница и од поголема далечина.

– Јас лично, како и моите соговорници во амбасадата, навистина одговоривме одговорно, посветено на нашата активност, која е извонредна. Она што досега имавме можност да го видиме е дека МУП и УКП постапуваат совесно. а тоа е приоритет на австриската полиција. Делот каде што е снимено видеото е добро покриен со антитерористички мерки, првенствено се мисли на видеонадзор. Постои техника која овозможува да се добие поквалитетно видео и така да се идентификува лицето – изјави Марко Благојевиќ, српскиот амбасадор во Австрија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде