Познатата Баба Роса од Радовиш, која своевремено рушеше рекорди со своите урнебесно смешни видеа денеска почина.
Денеска на нејзината Фејсбук страница беше објавена тажната вест.
„Последен поздрав до тебе Бабо, се до следно спомнување! Научив доволно работи од тебе! Како да се изградам, како да почитувам, како да ценам и како да се борам!
Оваа порака ја пишувам со солзи дека кога ќе дојдам во твоето родно место ќе немам кој да ме пречека со топла прегратка со вкусни оброци и убави зборови кажани од твоја страна. Се ќе биде на место само тебе ќе те нема.
Никогаш нема да го заборавам последното збогување толку силно ме гушна и ми рече те чекам да дојдеш пак..
Болиш бабо и секогаш ќе болиш, ама знам дека еден ден ќе се сретнеме пак.
Почивај во мир и знај дека секогаш ќе те сакам, стои во објавата напишана од нејзиниот внук.
Сочувство до фамилијата. Нека почива во мир.