Вечерва во 21 часот и 8 минути, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот бил на 26 километри од Никшиќ.
Според пријавите и коментарите на ЕМСЦ, земјотресот траел кратко, но силно се почувствувал.
Потресот бил почувствуван во Босна и Херцеговина и во Хрватска.
Во моментов нема извештаи за штети или жртви.