Уште една трагедија на македонските патишта, едно лице го загуби животот

Уште една трагедија на македонските патишта, едно лице го загуби животот

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14:30 часот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, откако камион со струмички регистарски ознаки излетал од патот и се превртел.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струница Александра Трајанова.

Според неа, од првичните информации од увидот кој се уште трае, едно лице загинало, а причините за несреќата дополнително ќе се истражуваат.

Заради несреќата сообраќајот се одвиваше отежнато во двата правца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде