Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново, објавува Сител.
Извори од МВР велат дека полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ.
Во меѓувреме, од торакалната клиника информираат дека состојбата на 21-годишниот А.А. е стабилна состојба и се опоравува.
Во добра состојба е и Е.С. 39 кој лежи во Градската болница се очекува за неколку дена да биде отпуштен на домашно лекување.
Ова не е прв напад врз Ибрахими. Пред една година пријави за закани кои ги добивал од поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази. Проблемот бил поради имотно-правни прашања, но за вчерашниот напад се уште не се знае дали е од истата причина.