Бојмацалиев открива нови шокантни детали за убиството на докторот Трповски

Матичниот лекар Ацо Трповски не бил убиен во неговиот автомобил туку на друго место коешто треба допрва да го утврдиме, изјави дополнителниот заменик министер на МВР Митко Бојмацалиев за Слободен печат.

– Имавме приведено три лица поврзани со убиството на лекарот Ацо Трповски, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази.

Според наши сознанија, лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството – вели Бојмацалиев.

68-годишниот лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“.

Лекарот имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде