Последна вест од потрагата по телото на малата Данка: Се сомневаат дека еден осомничен го преместил телото на друга локација

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ јавно излезе со информација за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезна на 26 март. Се уште се трага по нејзиното тело.

Гашиќ рече дека на двајцата осомничени им е извршен полиграфски преглед и дека возачот на автомобилот имал задоцнета реакција, а сопатникот имал реакција, како и дека се одземени сите три автомобили – два приватни кои им припаѓале на осомничените и еден службен, од каде земале се што е потребно за форензика.

„Двајцата не однесоа на депонија, но имаме информации дека едниот се вратил на 28 март и го префрлил телото на друга локација. Не им веруваме затоа што си ја префрлаат вината еден на друг“, рече Гашиќ.

Трагично заврши потрагата по девојчето Данко Илиќ, а злосторството ја потресе цела Србија, изјави министерот Братислав Гашиќ во обраќањето до јавноста.

Припадниците на МУП по опсежна акција ги уапсиле С.Ј. и Д.Д., вработени во ЈКП „Водовод“ Бор, осомничени дека со автомобил ја удриле и убиле Данка и телото го фрлиле во депонија, изјави Гашиќ.

Тие го признале делото и добиле притвор до 48 часа.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна пред десет дена. Оттогаш по неа интензивно се трага. За прв пат во Србија беше пуштен во употреба и системот „Најди ме“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде