Силни полициски сили моментално се во селото Лук, каде живее Срѓан Јанковиќ, осомничен за убиството на Данка Илиќ (2) во Бањско поле.
Се очекува да пристигнат и припадниците на Планинарската спасувачка служба, кои со полицијата детално ќе го прегледаат местото во потрага по телото на убиената Данка Илиќ.
Како што јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, во селото во кое живее осомничениот Срѓан Јанковиќ има голем број полицајци.
Пристапот кон селото е блокиран, а секоја минута пристигнуваат се повеќе полицајци.