Вчера, во 12.05 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг-простор на улицата Ѓорче Петров во Куманово, патничко возило „опел корса“,
со кумановски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Т. Ж. од Куманово, удрило во малолетничка пешак од Куманово, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, констатирани во Општата болница во Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.