Тешка сообраќајна несреќа, две лица пренесени во болница

Вчера во 10.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за струшкото село Ташмаруништа се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возила „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки,

управувано од 64-годишниот Л.С. од дебарското село Мал Папрадник и патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот Ѓ.М. од Скопје, извести МВР. 

„Во несреќата, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, се здобила Д.А.(74) од дебарското село Папрадник, сопатничка во возило „голф“,

додека со телесни повреди, констатирани Општата болница во Струга, се здобила М.И.(52) од дебарското село Бајрамовци, сопатничка во истото возило“, соопшти МВР. 

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде