Тешки сообраќајни несреќи, две момчиња, маж и жена пренесени во болница

Во петокот, во три одделни сообраќајкни незгоди настрадаа младо момче, возрасни маж и и жена.

Дваесетгодишното момче било повредено во судир на два автомобила, исто и како двајцата возачи на возраст од 22 и 63 години, мажот додека возел велосипед во него удрил малолетник со мотор, а врз жената пешак удрил велосипедист.

На 05.04.2024 во 13.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Тетово-Скопје со локален пат за с.Требош се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву тико“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Џ.(63) од с.Сараќино, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(22) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, С.К.(20) од с.Порој, тетовско, додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна едипа од СВР Тетово.

На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од М.Р.(65) од Скопје и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот М.Р, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Скопје.

На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, велосипед управуван од А.В.(71) удрил во пешакот В.У.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.У., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде