Силно невреме беснее во делови од Европа – откажани се голем број летови

Невреме во Велика Британија и Ирска предизвика откажување на летовите во двете земји и остави без струја илјадници домови во Ирска, објавија британските медиуми.

Невремето, наречено Кетлин, погоди голем број летови на аеродромите во Ирска и Велика Британија, вклучувајќи ги аеродромите во Манчестер, аеродромот во Белфаст и аеродромот во Даблин.

Во Шкотска, од невремето беа погодени и железничките и фериботите.

Силниот ветер предизвика прекин на електричната енергија.

Околу 34.000 домаќинства и бизниси останаа без струја во Ирска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде