(ВИДЕО) Мики со „Ја излези ѓурѓо“ растури во „Ѕвездите на Гранд“ – жирито воодушевено

Маркантниот велешанец Мики Секуловски кој оваа година се натпреварува во талент-шоуто „Ѕвездите на Гранд“ имаше уште еден одличен настап. Но речиси подеднакво добар беше и Елсан Пилица, па откако и двајцата направија спектакл на сцената, од жирито добија максимален број гласови.

Мики посебно растури со песната „Зашто правиш слона од мене“ од легендарниот Дино Дворник, кога се доближи до масата на која седеше Саша Поповиќ со менторките, Цеца Ражнатовиќ и Вики Миљковиќ, кои цело време танцуваа додека тој пееше.

И бидејќи резултатот беше изедначен, следуваше акапела, каде велешанецот беше доминантен и помина во следниот круг.

Тој настапи со песната Ја излези Ѓурѓо и растури на сцената, покажувајќи дека одлично се снаоѓа и со ваков вид на музика.

Оваа епизода прв пат во улога на жири се појави Сања Вучиќ која имаше мали забелешки за Елсан, за Мики коментираше само позитивно.

„Мики, јас целосно бев обземена од твојата енергија, ти си роден да се занимаваш со ова, ти си една ѕвездетина“, му порача Сања, а со ваквиот нејзин коментар се согласи и Снежана Ѓуришиќ која додаде дека пејачот од Македонија бил надмоќен во сите три песни.

„Кандидатот број два беше доминантен во сите три песни“, го изнесе своето мислење познатата пејачка.

Извор: Гламур

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде