Дадо Топиќ со потресни зборови се прости од познатата српска пејачка: Беше уникатна, поразлична од сите други…

Српската пејачка Александра (Слаѓана) Милошевиќ почина минатата недела (26 март), а денеска беше погребана на гробиштата Лешче во Белград.

Нејзината смрт го потресе целиот регион, а рок-дивата почина во Земунската болница каде ги помина последните 10 дена од животот додека беше на лекување.

Голем број роднини, пријатели и соработници дојдоа да ѝ оддадат последна почит, а меѓу нив беа и братот на покојната пејачка – Горан Милошевиќ, поранешниот пејач на музичката група „Генерација 5“.

Пејачот Дадо Топиќ, кој со неа ја испеа една од најубавите дуетски песни во регионот – „Принцеза“, со трогателен говор се прости од својата колешка и пријателка.

„Многу се дружевме, ти беше брат, другар… Не мислев дека ќе се разделиме толку брзо. Сепак, ние двајца си подаривме стихови и ги претворивме во една прекрасна песна, балада, која нè врза и ќе остане уште долго во срцата на сите оние кои не сакаа и сите оние кои ќе не сакаат во иднина. .

Само еднаш на шега рече дека си го гледаш местото меѓу ѕвездите, мислам дека си бил во право. Беше уникатна, поразлична од сите други и толку нежна, мирна, искрена со сите што ги сакаше… Останувам овде, среќен што бев еден од нив“, изјави денеска Топиќ, а пренесоа српските медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде