„Најмонструозната форма на човеково однесување!“ Државниот секретар на МУП откри што се случило со осомничените за убиството на малата Данка

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Србија Жељко Бркиќ, кажува дека повеќе од 1500 полициски службеници во соработка со 1000 граѓани од различни служби го даваат својот придонес да се пронајде телото на убиената Данка Илиќ.

„Истрагата ја насочивме кон една локација каде обвинетите ни рекоа дека го имаат оставено телото на Данка Илиќ. Сега го прегледуваме коритото на реката Злотска“ кажа во изјавата секретарот.

Однесувањето на обвинетите, за кои постојат докази дека го имаат извршено кривичното дело тешко убиство, Жељко Бркиќ го опишува како најмонструозниот облик за човеково однесување. Едниот детално го опиша убиството на Данка Илиќ, другиот се брани со молк.

„Тешко е да ги дознаеме мотивите зошто одбиваат да соработуваат. Но кај нив може да се види такво отсуство на емпатија и негрижа, дури кога се соочени со вистината тие не сакаат да ја откријат локацијата на телото. Тоа ни кажува дека станува збор за недостаток на емпатија. Данка има право на достоинствен погреб, за родителите и нејзиното семејство да имаат посветено гробно место. Лишени се од секое човеково чувство.“ рече Бркиќ.

Бркиќ кажа дека досега се собрани доволно докази под кое обвинителството ќе започне процес да бидат осудени на пресуда.

Тој наведе дека е тешко мисловно да се реконструира ова злодело и се надева брзо пронаоѓање на телото на Данка Илиќ.

„Се надевам телото на Данка ќе биде пронајдено, несомнено е дека детето од местото на ударот со возилото било качено во него.“ кажа Бркиќ.

„Иако осомничените за убиството на Данка Илиќ се обидуваат да избегнат одговорност, тоа нема да ги попречи надлежните органи во донесувањето на пресуда“ – заклучува Бркиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде