Последни вести од Србија: Еве каде моментално се пребарува телото на малата Данка – активирани и специјални дронови

Српската полиција се уште трага по телото на малата Данка Илиќ. Осомничените за нејзиното убиство беа сослушани во обвинителството, по што судот им одреди 30-дневен притвор.

Како што потсетува Телеграф.рс, осомничениот Срѓан Јанковиќ се бранел со молчење во обвинителството, додека Дејан Драгијевиќ го признал делото, а потоа рекол дека татко му и брат му помогнале да го сокрие телото.

Во неделата стигна и информацијата дека неговиот брат починал во притвор, додека на таткото по сослушувањето му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Репортерите на порталот Телеграф биле во селото Злот, каде живее еден од осомничените. Полицијата ги пребарала неговите два имота, исушена е и септичката јама, но телото на малата Данка се уште не е пронајдено.

Специјални дронови, кои имаат можност да зумираат до најситни детали, денеска беа активирани на територијата на Кањонот Лазарев за да се приклучат во потрагата по телото на убиената Данка.

Засега не е забележана никаква трага што би укажала дека телото на девојчето кое беше брутално убиено е на овој простор. Полицијата сега потрагата ја пренасочува кон пештерата Лазар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде