Тажна вест: Почина познатиот рок пејач

Пејачот Си Џеј Снер, еден од основачите и фронтмен на рок-групата „Фајрхаус“, почина во петокот на 64-годишна возраст, пренесува „Пипл“. Тој почина во својот дом каде што се опоравуваше од операцијата откако му беше дијагностициран рак.

Веста за неговата смрт ја пренесоа членовите од групата на официјалниот фејсбук-профил.

„Си Џеј беше веројатно еден од најдобрите вокални таленти на неговата генерација, нон-стоп на турнеја низ светот со ‘Фајрхаус’ во последните 34 години. Нашето искрено сочувство е до целото семејство Снер, Кетрин Литл, пријателите и сите наши сакани обожаватели ширум светот.

Засекогаш ќе им недостасуваш на семејството, пријателите, обожавателите и колегите од бендот. Сега пееш со ангелите“, се вели во објавата.

Снере е основач на групата „Фајрхаус“ во доцните 80-ти и остана член на бендот околу четири децении заедно со гитаристот Бил Леверти и тапанарот Мајкл Фостер. Тој ги напиша сите најголеми хитови на бендот, како што се „Don’t Treat Me Bad“, „Love of a Lifetime“ и „When I Look Into Your Eyes“.

Минатата година, наводно, бил опериран на абдоменот, поради што морал да престане со турнеите. Според неговата партнерка Кетрин Литл, на музичарот му бил дијагностициран рак на дебелото црево во четврта фаза во септември 2020 година.

„Првичните прогнози му беа лоши, но тоа не го спречи. Отидовме на второ мислење и во септември 2021 година тој имаше операција која му го спаси животот и ни овозможи да ги имаме последните години со него. Си Џеј зад себе остави три прекрасни деца. Животот никогаш нема да биде ист. Не сум подготвен да се соочам со тоа. Имам многу да кажам, но зборовите се неверојатно тешки во моментов. Ве молиме почитувајте го нашето семејство во овој момент на тага и имајте не во вашите мисли“, напишала таа на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде