Тешка несреќа помеѓу четирицикл и „ауди“ – малолетник итно пренесен во болница

Малолетник од Тетово е тешко повреден откако со трактор-четирицикл удрил во „ауди“.

„На 07.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинденска“ со ул.„Ван Вардарска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор – четирицикл „стил“ со тетовски регистарски ознаки,

управуван од малолетник од Тетово и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(37) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клиничката болница Тетово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде