ТАЖНА ВЕСТ утрово во Македонија: Почина познатата поетеса

Утрово почина познатата албанска писателка од Призрен, која живееше и работеше во Скопје, Линдита Ахмети. Веста на социјалните мрежи ја споделија пријатели на починатата, пишува Флака.

Ова е голема загуба за албанската литература, а подеднакво голема и за семејството Ахмети кое ја загуби ќерката само неколку години по смртта на нивниот син, познатиот актер Луран Ахмети, кој почина од Ковид 19.

Линдита Ахмети е родена на 26.04.1973 година во Призрен. По завршувањето на гимназијата во Скопје, студирала класична филологија на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Скопје, каде што дипломирала.

Моментално работи во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и е член на ПЕН клубот во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде