Вонредна вест: Гори Универзална сала во Скопје

Гори Универзална сала во Скопје.

Како што може да се види на видеото објавено од актерот Сашо Тасевски силен пожар беснее во Универзална сала во Скопје.

Скопската Универзалната сала е изградена веднаш по земјотресот во 1963 година како донација на многу земји, организирана од ОН.

Универзалната сала стана симбол на хуманоста и едно од знаменитостите на Скопје.

Објектот е наменет за повеќенаменски простор со 400 метри квадратни сцена и гледалиште со 1.500 столчиња во амфитеатрален план.

Да потсетиме, пред неколку дена  продолжи реконструкцијата Универзална сала во Скопје која беше стопирана пред две години, по доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска.

Универзална сала почна да се реконструира во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Градежните работи за првата фаза, надворешноста, почнаа во септември 2021 непосредно пред локалните избори. Се работеше нецел месец, по што со доаѓањето на функција на Арсовска работите беа стопирани и салата две години стои разурната и отворена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде