Во сообраќајна нсреќа што се случила доцна синоќа на локалниот пат од село Лисичани за село Палсница се судриле две возила, едното управувано од 17-годишен малолетник другото од 19-годишник.
Во несреќата 19-годишното момче се здобило со тешки телесни повреди, а повредени се уште другиот возач и уште шест малолетници.
На 09.04.2024 во 23.45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од с.Лисичани за с.Пласница во близина на с.Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод,
управувано од 17 годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од с.Лисичани-кичевско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево информираше МВР.