Најмалку 12 лица загинаа кога автобус со 40 работници од приватна компанија падна во јама во областа Дург во индиската држава Чатисгар.
Според Рича Пракаш Чудари, функционер на овој округ, во сообраќајната несреќа, која според полицијата, се случила кога возачот изгубил контрола над возилото, загинале 12 лица, а 14 се тешко повредени.
Спасувачките операции се во тек, а полицијата е на лице место, пишува „Д тајмс оф Индија“.
Официјални лица велат дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи спасувачките напори продолжуваат и неколку луѓе се сериозно повредени.
#Durg, Chhattisgarh: Visuals from the spot in #Kumhari where a bus of Kedia Distilleries carrying labourers met with an accident yesterday leading to the death of 12 people.#KumhariBusAccident pic.twitter.com/5ZbINaOt6H
— cliQ India (@cliQIndiaMedia) April 10, 2024