Прњавор го потресе веста за смртта на момчето Давид Петровиќ (17).
На момчето му се слошило синоќа на фолклорна проба, јавува Српскаинфо.
Била повикана брза помош, но и покрај сите напори на медицинските работници, Дaвид починал од срцев удар.
Давид имал мајка, татко и двајца браќа.
Бил ученик во второ одделение во Прњаворската гимназија.
– Утрово нашиот Град, нашето училиште и сите ние, студенти и професори, бевме потресени од веста за смртта на нашиот ученик Давид Петровиќ. Сакаме да изразиме најдлабоко и искрено сочувство до семејството и сите кои го сакаа. Патувај, синооко момче, насмевни им се на ѕвездите – напишале пријателите на училишната страница.