Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години, Дашмир Беари ненадејно почина.
Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник, почина тренерот Дашмир Беари на 50-годишна возраст.
Неговата последна работа беше улогата на селектор на македонската репрезентација до 17 години.
Беари беше поранешен тренер на Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими, а беше помошник и во саудиски Ал Раед.
Во минатото беше селектор и на македонските селекции до 15 и до 19 години.