Тажна вест: На 46-годишна возраст почина поранешниот македонски ракометар

Градот од кој потекнуваат многу македонски ракометари, Струга, остана без еден од своите поранешни членови.

Ненадејно почина некогашниот кружен напаѓач на стружани, Дејан Џутески, на 46-годишна возраст, објави порталот 24 Ракомет.

Дејан Џутески целата своја кариера која не траеше премногу долго ја помина во матичниот клуб и не ја промени средината, иако имаше голем потенцијал.

Во Струга работеше под палката на Сашо Србиновски, а беше во тимот кога тренери на клубот беа и Каланоски, Коцарески, Матлиески…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде