Тешка сообраќајна несреќа, две лица пренесени во болница

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што претпладнево се случи во скопско Визбегово. 

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале три возила, а повреднеи се две лица кои се пренесени на болничко лекување. Засега не се знае карактерот на повредите. 

Сообраќајката се случила во 11:10 часот, во близина на бензинската пумпа Еуро-Актива, на Јадранска магистрала, кај скопско Визбегово. 

Полицијата извршила увид. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде